Недељковиќ на конференција „Патот на свилата“ во Кина
Заменик министерот за култура на Република Македонија Драган Недељковиќ престојува во посета на Динханг, Народна Република Кина, каде што се одржува конференција на тема „Патот на свилата“, на која учествуваат претставници од 90 земји.
На самитот присуствуваат 1.500 учесници и повеќе од 40 министри и заменици министри за култура од Албанија, Белорусија, Литванија, Украина, Иран, Камбоџа, Малезија, Сингапур, Шри Ланка, Молдавија, Египет, Унгарија, Турција, како и поранешниот премиер на Франција.
Во текот на утрешниот ден, како што информираат од Министерството за култура, заменик-министерот Недељковиќ ќе одржи билатерална средба со заменик-министерот за култура на НР Кина, Динг Веј.
На средбата, предвидено е двајцата заменици министри да разменат искуства и ставови за веќе постоечките односи на полето на културата помеѓу овие две земји, како и нивна понатамошна афирмација и промоција. Интензивирањето на културните врски помеѓу Република Македонија и Народна Република Кина се особено врзани со проектот „Силкроуд“, што претставува нова економска платформа со културен предзнак во која се вклучени сите земји на патот на свилата.
- Значаен сегмент од средбата ќе има нашето учество во проектот „16+1“, што претставува нова платформа за соработка на Народна Република Кина и земјите од Централна и Југоисточна Европа, во кој Македонија активно учестува и се залага за уште поголема и поинтензивна соработка, велат од Министерството за култура.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Економијата напредува
-
Меџити: Преговараме со пратеници од Европскиот фронт
-
Австриската министерка за надворешни работи во посета на Македонија
-
Сајбербезбедноста клучна за енергетиката
-
УГД Штип домаќин на студентски конгрес по медицина
-
Преглед на вестите од светот
-
Наумовски: Нејасно е како Брисел нема план б за Македонија, како за Украина и покрај отстапките
-
Тема на денот со Зоран Јовановски, економски аналитичар