Неделава Самит на НАТО во Брисел, Македонија очекува покана
 Неделава во Брисел треба да се одржи Самитот на НАТО на кој Република Македонија очекува да добие покана за членство во Алијансата. Министерката за одбрана Радмила Шеќеринска денеска заедно со Националниот координатор за НАТО Стево Пендаровски ќе одржи брифинг за новинарите пред одржувањето на овој Самит.
Неделава во Брисел треба да се одржи Самитот на НАТО на кој Република Македонија очекува да добие покана за членство во Алијансата. Министерката за одбрана Радмила Шеќеринска денеска заедно со Националниот координатор за НАТО Стево Пендаровски ќе одржи брифинг за новинарите пред одржувањето на овој Самит.
По добивањето на поканата за членство во НАТО, Македонија очекува да седне на маса со Алијансата и процесот на зачленување да не потрае подолго од шест месеци. Вицепремиерката Радмила Шекеринска во вчерашното интервју за Радио Слободна Европа изјави дека не очекува да се појават дополнителни проблеми во текот на процесот.
Таа не прецизираше дали се планираат конкретни мерки против Претседателот кој одбива да го потпише указот за Законот за ратификување на договорот со Грција, кој е еден од условите за членство во НАТО, но рече дека постојат неколку опции. Сепак, засега се концентрирани на референдумот.
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенеберг на средбата што со македонскиот премиер Зоран Заев ја имаше на крајот на јуни изјави дека очекува лидерите на земјите членки на Алијансата на Самитот што ќе се одржи на 11 и 12 јули да донесат одлука за официјално започнување на преговорите за полноправо членство на Македонија во НАТО.
Столтенберг очекува да биде постигната согласност Македонија да биде поканета во полноправно членство и да почнат пристапните преговори, но приемот на земјата, рече, ќе зависи од епилогот на Договорот со Грција односно неговото прифаќање на референдум.
Столтенберг рече дека доколку Договорот за името не помине на референдум, тешко Македонија да добие покана за НАТО.
Од НАТО, како што јави дописничката на МИА од Брисел, тогаш појаснија дека генералниот секретар Столтенберг очекува „иницирање“ на пристапните преговори на претстојниот Самит на НАТО на 11 и 12 јули, но дека тие преговори „можат да бидат заокружени само откако ќе се финализира Договорот, вклучително и референдумот“, на кој треба да биде прифатен Договорот за името.
Ново на Сител
-   
           Српската Влада го прогласи 1 ноември за Ден на жалост
-   
           Трамп потврди дека САД ќе извршуваат нуклеарни проби
-   
           Победа за Вардар од пенал во судиското надополнување
-   
           Пентагон дозволи испорака на ракети „Томахавк“ на Украина, конечната одлука ќе ја донесе Трамп
-   
           Мицкоски: В недела сите масовно да излеземе на гласање, затоа што додека седите дома, други одлучуваат за вашата иднина
-   
           Маж од Петровец ја удирал и гушел својата сопруга, и пробал со каиш да и ги врзе нозете
-   
           Вучиќ: Се извинувам за некои работи што ги кажав
-   
           Предложен притвор за 37-годишик за недозволено држење муниција






