-->
-->
Не застанал на полициски знак и фрлил ќеса со марихуана, уапсен дилер од Грчец
-->
Приведен дилер од Грчец, пронајдена дрога.
- На 14.04.2023 околу 23.00 часот на обиколница Скопје, на клучка Стајковци кон клучка Радишани, скопско, полициски службеници го лишиле од слобода Е.И.(24) од с.Грчец, општина Сарај. Претходно, на клучка кај с.Арачиново тој не застанал на даден знак за запирање од полициски службеници и со возило „сеат ибица“ со скопски регистарски ознаки продолжил со движење, при што од возилото фрлил ќеса со марихуана, соопшти МВР.
Како што информираат од министерството, по преземени мерки од полициски службеници бил запрен, а дрогата била пронајдена и одземена. Е.И. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Опожарен стан во Ѓорче Петров, гори ѓубриште во домот „Ранка Милановиќ“
-
Русија осуди тинејџер на 12 години затвор поради испраќање пари на армијата на Киев
-
Радев: На државниот врв на Република Северна Македонија им недостасува познавање на меѓународното право
-
Трипуновски: Ги потпишав сите заостанати договори и документи во Министерството
-
Најмногу дожд наврнал во Охрид
-
На „Табановце“ се чека околу 20 минути за влез во земјава
-
Србија: Го величел напаѓачот пред израелската Амбасада во Белград и признал дека ја поддржува ИД
-
Пожарникари од четири земји и ова лето ќе бидат лоцирани во Грција за да помагаат во гаснењето на пожарите