-->
-->
НБА:Г. Стејт без шанси против шампионот
-->

Лос Анџелес Лејкерс го декласираа тимот на Голден стејт Вориорс со 128:97. Актуелните шампиони во еден период од натпреварот имаа предност од 36 поени.
Леброн Џејмс со трипл-дабл го предводеше тимот, но не беше најефикасен играч на натпреварот. Монтрезл Херел постигна 27 поени за Лејкерси, колку што на спротивната страна уфрли Стеф Кари. Леброн мечот го заврши со 22 поени, 10 скока и 11 асистенции. За најдобриот играч на Лејкерси ова е 10 трипл-дабл оваа сезона.
Денвер славеа победа над Индијана Пејсерс 121:106. Доминираше на овој меч Никола Јокиќ со 32 поени, 14 скокови и пет асистенции. За српскиот центар ова е 35 дабл-дабл во сезоната и 227 во кариерата. На вечната листа Јокиќ се израмни со легендарниот Дикембе Мутомбо. Јокиќ го доби директниот дуел со Домантас Сабонис кој имаше по 10 поени и скокови и девет асистенции.
Бредли Бил го доби дуелот на супер ѕвездите против Јанис Адетокубо, меѓутоа Милвоки ја однесоа победата над Вашингтон 133:122. Бил натпреварот го заврши со 37, а Јанис забележа трипл-дабл со 31 поен, 15 скокови и 10 асистенции.
Резултати:
Шарлот-Сакраменто 122:116
Детроит-Сан Антонио 99:109
Бруклин-Њујорк 117:112
Далас-ЛА Клиперс 99:109
Финикс-Мемфис 122:99
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Победа на животот над смртта, православните христијани го слават Велигден
-

Велигден ги исполни верските храмови во Охрид
-

Велигден во Пјаченца: Стотици Македонци се обединија во молитва и заедништво
-

Државниот врв го честиташе Велигден - воскресението Христово да биде поттик за уште поголемо разбирање
-

Велигден во Скопје во мирна и семејна атмосфера
-

Преглед на вестите од светот
-

Иран: Ормутскиот теснец е под наша контрола, бродовите мора да плаќаат такса
-

Прилепската болница за прв пат доби апарат за оптичка кохерентна томографија
