Македонија
12. April 2026 - 16:32

Велигден во Скопје во мирна и семејна атмосфера

Дваесет и пет интервенции за време на ноќната смена во скопската Брза помош. На најголемиот христијански празник  нема зголемен број на јавувања на 194 што се должи и на полуиспразнетиот град. Но и за оние кои се останати дома, велигденската атмосфера е во знакот на мирот и семејната блискост.

На лице место лекарски тимови интервенирале само кај три колапси во различни цркви во Скопје каде верниците синоќа го чекаа христовото воскресение.

-Станува збор само за колапси, интервенирано е на лице мсто, немало потреба од носење во болница и понатамошни интервенции. Во текот на денешниот ден најчесто интервенираме кај луѓе со малигни заболувања и хронични болести што за болки а и за егзербации на нивната постоечка симптоматологија, вели Д-р Елена Пиловска, Скопска Брза Помош.

По седумнеделниот пост остануваат препораките на лекарите да се внимава со внесувањето на храна и оброците да не бидат обилни. Оние кои постеле не треба да јадат и голем број на велигденски јајца.

-Постот е свесно и доброволно воздржување од одреден тип на храна, одредени навики и однесувања. Има и психолошка димензија на самокотрола на умот. Луѓето кои постеле јас верувам дека знаат и како да ги внесат намирниците кои дотогаш не ги употребувале. Воздржувањето нека биде свесно и повторно ќе препорачам да се воздржат од прејадување и верувам дека нема да има такви бидејќи досега немавме таква интервенција, вели д-р Пиловска.

Бидејќи и утре е неработен ден остануваат препораките на лекарите за внимателно консумирање на храна и алкохол и придржување на сообраќајните правила за празниците да поминат мирно а не со несакани последици.