-->
-->
НБА: За првпат едногласно....
-->

Бекот на Голден Стејт Вориорс, Стеф Кари, ја освои МВП наградата како најкорисен кошаркар во регуларниот од сезоната во НБА лигата. Кари и минатата година беше МВП, а оваа година влегува во историјата како прв кој едногласно го добил ова престижно признание.
Стеф Кари оваа сезона го предводеше Голден Стејт до рекордната низа во првенството од 73 победи и само девет порази. Сезонава тој бележел 30,1 поени, 5,4 скокови и 6,7 асистенции по натпревар, со погодени 50,4 отсто на обидите од поле, односно 45,4 отсто на обите за три поена.
Кари во регуларниот дел постигна 403 тројки, што е нов рекорд во НБА лигата.
Очекувано, втор во изборот беше крилниот играч на Сан Антонио, кој е најдобар дефанзивец во лигата, Каваи Ленард, трет е Леброн Џејмс од Кливелнд, а на четвртото и петтото место се најде двоецот на Оклахома, Расел Вестбрук и Кевин Дурент.
Стеф Кари им се придружи на Тим Данкан, Боб Пети, Карл Мелоун и Стив Неш коишто, исто така, двапати ја освојувале наградата за најкорисен играч во лигата.
Рекордер е Карим Абдул-Џабар со шест вакви признанија, по пет имаат Мајкл Џордан и Бил Расел, Вилт Чембрлен и Леброн Џејмс по четири, а Мозес Мелоун, Лери Бирд и Меџик Џонсон по три.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Убиство во психијатриската болница Бардовци
-
Тема на денот со Благојче Атанасоски
-
Матурантите постигнаа подобар успех од лани
-
Детали за акцијата на МВР
-
Сиљановска Давкова: Спортската неписменост и говорот на омраза се срам за сите
-
Беким Сали нов вицепремиер, ако Меџити победи во Чаир
-
Објавен огласот за избор на претседател на Антикорупциска, трае 10 дена
-
Статус Кво ситуацијата со скапо купените акцелератори за зрачна терапија, по една деценија се уште не се во функција