НБА: Торонто ја врати неизвесноста на истокот
Kошаркарите на Торонто најавија неизвесен дуел во Источната конференција од НБА лигата и го израмнија резултатот против Милвоки Бакс на 2-2. Репторс четвртиот меч од серијата го доби со 120:102. Репторс го одбрани домашниот терен и ја врати серијата во Висконсин, петтиот меч се игра в петок од 2.30 часот.
Не сметајќи ја првата четвртина во која Милвоки ја имаше предноста, во преостанатиот дел од мечот домашните кошаркари го контролираа резултатот. На почетокот на вториот период Торонто стекна двоцифрена предност 41:31, на која гостите не најдоа одговор до крајот на мечот.
Торонто Репторс до победата ги предводеа Кајл Лаури (25 поени, 5 скока, 6 асистенции), Норман Пауел (18 поени), Каваи Ленард (17 поени, 7 скока), Серж Ибака (17 поени, 13 скока) и Марк Гасил (17 поени, 5 скока, 7 асистенции).
Кај Милвоки се истакна Крис Мидлтон со 30 поени, 6 скока и 7 асистенции, односно Јанис Адетокунбо со 25 поени, 10 скока и 5 асистенции.
Ново на Сител
-
Муцунски со Баро - Повеќе соработка
-
Гаши: Пратениците имаат право на интерпелација против секој носител на јавна функција
-
Вреди ќе има унифициран став за една изборна единица
-
Славески: Стабилен денар и ниска инфлација
-
11 годишни момчиња се најчесто жртви на врсничко насилство
-
Приватните автобуси повторно возат, велат дека од ЈСП добиле пари за до понеделник
-
Министерката Јаневска ефекти од едносменската настава очекува од септември
-
Преглед на вестите од светот