-->
-->
НБА: Стадемаер ја заврши кариерата
-->
По 14 сезони минати во НБА лигата крилниот центар Амари Стадемаер реши да стави крај на професионалната кариера. Стадемаер во пензија замина како играч на Њујорк Никс, откако со оваа екипа потпиша еднодневен договор.
Стадемаер беше деветти пик на драфтот во 2002 година, таа година е избран за дебитант на годината. Во кариерата како играч на Феникс, Њујорк, Далас и Мајами во просек остварил 18,9 поени и 7,8 скокови по натпревар.
Шест пати играл на „Ол Стар“ натпреварот, два пати е биран во најдобрата петорка во лигата.
„Благодарност до господата Долан, Фил Џексон и Стив Милс кои ми овозможија да се повлечам како играч на Њујорк. Дојдов во Њујорк во 2010 година да помогнам франшизата повторно да заживее и мислам дека успеавме во тоа. Кармело Ентони, Фил и Стив ќе продолжат со предизвикот, а пред новата сезона тимот делува како кандидат за плејофот. Иако кариерата во последните години ме водеше на други места, сепак моето срце остана во „Големото јаболко“. Еднаш Никс, секогаш Никс“, рекол Стадемаер.
Иако стави крај на НБА кариерата, постои можност Стадемаер да игра уште некое време, бидејќи има понуда од Кина, а не е исклучено и да го облече дресот на Хапоел од Ерусалим клуб во кој се појавува како кососоптвеник.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Охриѓани се хумани, помагаат на сограѓаните во социјален ризик
-
Преглед на вестите од светот
-
Нов марш на ангелите, родителите го повикаа Мицкоски во Кочани
-
За изборот на новиот папа, Тема на денот со Кирил Стојанов, новинар
-
Поддршка за Стерјовски пред утрешните парламентарни избори во Албанија
-
ВМРО-ДПМНЕ со партиски кандидат ќе настапи на локалните избори за Град Скопје
-
Ахмети: Без хармонија меѓу заедниците, државата нема иднина
-
Патоказ за малцински прашања како можем компромис за спорот со Бугарија