-->
-->
НБА плеј оф: Г.Стејт во следната рунда, победи на гости за Шарлот и Портланд
-->

Кошаркарите на Голден Стејт успеаја да се пласираат во конференциското полуфинале на Запад откако ноќеска на домашен терен уште еднаш убедливо со 114:81 го совладаа Хјустон. Скорот во победи е 4-1 за шампионот. Во отсуство на повредениот Стеф Кари, Клеј Томпсон со 27 поени беше најефикасен кај победникот, додека на дуелот Џејмс Харден реализираше 35 поени.
Шарлот го изненади Мајами на негов терен и победи со 90:88. Домашните во последните 2:30 минути не постигнаа ниту еден кош што секако овозможи победа на Шарлот. Оваа екипа имаше повеќе расположени играчи на дуелот и поведе со 3-2 во победи.
Водство од 3-2 има и Портланд, кој славеше на теренот на ЛА Клиперс со 108:98. Гостите го искористија отсуството на повредените Крил Пол и Блејк Грифин и за првпат поведоа во серијата. Дамиан Лилард 16 од своите 22 поена ги постигна во последната четвртина.
Вечерва се игра натпреварот број 6 меѓу Бостон и Атланта. Води Атланта со 3-2 во победи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски за Рамадани: Себичен потег кој им штети на другите кандидати на ВРЕДИ
-

Активности на кандидатите за градоначалници
-

Дождот ја стопираше акцијата за собирање смет во главниот град - улиците под вода
-

Од утре 11 нови директни авиолинии од скопскиот и охридскиот аеродром
-

Депонии на секој чекор
-

Наколната населба во Дојран била изградена од повеќе мали платформи поврзани со мостови
-

Неопходно е носење на закон за заштита на Охридското Езеро
-

Преглед на вестите од светот
