-->
-->
НБА плеј оф: Голден Стејт преку мајсторка до финалето
-->
Шампионот на НБА лигата Голден Стејт со победата во мајсторката над Оклахома Сити со 96:88 (19:24; 23:24; 29:12; 25:28) се избори за финалето каде повторно како и лани ќе игра против Кливленд. Голден Стејт во финалето на Запад направи пресврт откако губеше 1-3 стигна до 4-3 во победи. Голден Стејт е само 10.тиот тим што успеал да се врати од негатива 1-3.
Најдобар поединец на последниот дуел со Оклахома Сити беше МВП играчот на сезоната Стеф Кари, кој постигна 36 поени, а Клеј Томсон реализираше 21. Кај Оклахома Сити анјефикасен беше Кевин Дјурант со 27 поени. Гостите од Оклахома Сити беа подобар тим во првиот дел, кога имаа и водство од 35:22, но во третата четвртина шампионот го направи пресвртот.
Финалето Голден Стејт - Килвленд почнува на 2.јуни, а првиот дуел се игра во Оукленд.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Земјиштето околу Собранието ќе стане безбедносна зона
-
Тема на денот со Тодор Кулаков, татко на Фросина
-
153 години од раѓањето на Гоце Делчев
-
Експертите бараат казна затвор за возење под дејство на алкохол или немање возачка
-
8 години затвор - највисока казна за смртен исход во сообраќајка во последните 6 години
-
Каролина Симоновска разрешена од директорската функција – Катерина Бошковска нов директор на клиниката Козле
-
Онкологија и Хематологија добија многу поголем буџет од ФЗО
-
Мицкоски: Нелогично е да има цигари во минималната кошница