-->
-->
НБА: Хјустон се поигра со Сакраменто
-->
Импресивната шутерска партија на Хјустон и поразот на Кливленд го обележаа натпреварите во НБА лигата, кои се одиграа изминатата ноќ.
Хјустон, предводен од Џејмс Харден, го декласира Сакраменто 132:98. Кошаркарите на Хјустон на овој меч постигнаа 22 тројки, една им недостигаше да го израмнат апсолутниот рекорд во лигата, чии сопственици се Хјустон од пред три години и Орландо.
Харден натпреварот го заврши со 15 поени, 11 скокови и 14 асистенции. Популарниот „Брада“ го забележа петтиот сезонски трипл дабл, а вкупно 14-ти во кариерата и на вечната листа се израмни со клупската легенда Хаким Олајџувон.
Инаку најефикасни во редвоите на победникот беа Рајан Андерсон со 22 и Сем Декер со 19 поени. Во отсуство на најдобрите играчи, Демаркус Казинс и руди Геј, Сакраменто го предводеше Герет Темпл со 20 поени.
Мемфис му се реваншираше на актуелниот првак Кливленд за поразот од пред два дена со триумфот 93:85. Марк Гасол запиша дабл-дабл (17 поени, 11 скокови), додека кај Кливленд се истакна Џејмс Џејмс со 15 поени. Шампионот на овој меч беше без големата тројка: Лберон-Лав-Ирвинг.
Резултати: Мајами-Индијана 95:89, Орландо-ЛА Клиперс 108:113, Филаделфија-Торонто 114:123, Вашингтон-Шарлот 109:106,Бруклин.Лејкерс 107:97, Далас-Детроит 85:95, Јута-Оклахома 109:89, Сан Антонио-Бостон 108:101.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Православните верници го слават празникот Успение на Пресвета Богородица
-
Премиерот во посета на РЕК Битола по повод Денот на рударите
-
Мицкоски: За една година го зголемивме двојно реалниот пораст на платите
-
Отворена е нова канцеларија за е-услуги во Свети Николе
-
Еврообврзница на почетокот на наредната година
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-
Убиство пред казино во Кавадарци
-
Фондот за здравствено осигурување лани платил 45 милиони евра за кардиолошки и кардиохируршки интервенции