НБА: Џејсон Кид нов тренер на Далас
Членот на кошаркарската Куќа на славните, Џејсон Кид е нов тренер на НБА тимот на Далас, јавија денеска американските медиуми.
Поранешниот легендарен кошаркар доаѓа на местото на Рик Карлајл, кој минатата недела поднесе оставка на тренерската должност по 13 сезони минати на клупата на Далас, а вчера беше назначен за нов тренер на Индијана.
Четириестиосумгодишниот Кид мина дел од својата кариера во Далас, кој го избра како втор пик на драфтот во 1994 година, а потоа го размени во 1998 година. Во Далас се врати во 2008 година и му помогна на тимот да ја освои шампионската титула во 2011.
Кид, кој ја заврши кариерата во сезоната 2012/13, е втор кошаркар на вечната листа во НБА лигата според бројот на асистенции (12.091) и „украдени“ топки (2.684). Десет пати беше дел од Ол-стар тимот.
Ново на Сител
-
ЗНАМ: Наскоро имиња за Центар и Куманово
-
Преглед на вестите од светот
-
Убиство пред казино во Кавадарци
-
Деканот на Градежен нов независен кандидат за градоначалник на Скопје
-
Родителите на децата Македонци при упис во училиште, не ја почитуваат реонизацијата
-
Филипче ги отфрла обвинувањата за таен план со ДУИ за хаос на изборите
-
Волонтерите од струмичкиот Црвен крст собираат училишен прибор за децата од социјално ранливите семејства
-
Пчеларите бараат повисоки субвенции