-->
-->
НБА: Далас го надигра Кливленд
-->

Актуелниот шампион во НБА лигата, Кливленд, продолжува со порменливите партии сезонава, откако по победата над Оклахома загуби од Далас. Ноќта во НБА лигата, во која беа одиграни шест натпревари, ја обележа бекот на Мемфис Мајк Конли со 38 поени против Феникс.
Кошаркарите на Далас, во неполни три дена, срушија уште еден голем противник. По триумфот над Сан Антонио, Далас успеа да го совлада и Кливленд 104:97. Двоецот Весли Метјуз-Харисон Барнс искомбинира 45 поени и на шампионот му го нанесе третиот пораз на последните пет натпревари.
На другите натпревари: Мемфис, предводен од Мајкл Конли кој постигна 38 порни, славеше во Феникс 115:96, Мајами ја забележа осмата последовна победа откако славеше во дуелот со Бруклин 104:96, Филалдефија го победи Сакраменто 122:119, Бостон славеше во Детроит 113:109, а Минесота по продолжениеот го победи Орландо 111:105.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Директорот на Комунална си поднесе оставка, тој и реководителот за отпад добија 30 дневен притвор
-

Предизборни активности на ВМРО-ДПМНЕ пред вториот круг избори
-

Директорот на Комунална си поднесе оставка, судот му одреди 30 дневен притвор на него и на раководителот на секторот за отпад
-

Тема на денот со Дејан Митески, кандидат за градоначалник на ВМРО ДПМНЕ во Општина Аеродром
-

Мозочниот удар е најчеста причина за смрт во Македонија - за успешно лекување најважно е рано препознавање на знаците
-

По СЕПА следниот чекор ТИПС - нов систем за инстант плаќања
-

Обвинителството бара притвор за директорот на Комунална хигиена поради несобирање на ѓубрето во Скопје
-

Нова еколошката закана за Вардар: Граѓаните згрозени, дали институциите преземаат мерки?
