НБА: Бостон поведе во финалето
Кошаркарите на Бостон поведоа со 1-0 во серијата до четири победи во финалето од разигрувањето за титулата во НБА лигата, откако синоќа на гостински терен со фантастична игра во последната четвртина го совладаа Голден Стејт со 120-108.
Домаќините влегоа во завршните 12 минути со предност, но тогаш уследи неверојатно враќање на Бостон. Гостите ја отворија последната четвртина со серија од 9-0, намалувајќи ја негативата на три поени, а при резултат 100-103 влегоа во нова серија од 17-0 за водство од 117-103. На крајот, Бостон ја доби последната четвртина со 40-16 за конечни 120-108.
Бостон со тоа ја забележа втората најдолга серија во последна четвртина во НБА финалињата во последните 30 години.
Вториот натпревар повторно ќе се игра во „Чејс Центар“ во Сан Франциско, по што финалната серија се сели во Бостон, каде третиот и четвртиот натпревар се на програмата на 8 и 10 јуни.
Ново на Сител
-
„Синот“ на струмичкиот театар го отвори 33. фестивал „Ристо Шишков“
-
Преглед на вестите од светот
-
Голема НАТО вежба во Бугарија
-
Тема на денот со Туше Гошев, пратеник во првиот парламентарен состав
-
Одбележан 8 ми Септември - Ден на независноста на Македонија
-
Партиите со честитки за Денот на независноста
-
Владата не верува дека линиите на Филипче може да бидат црвени
-
Голема НАТО вежба во Бугарија