-->
-->
НБА: Блесок на Дејвис
-->
7).
Ентони Дејвис, според многумина најдобриот крилен центар во НБА лигата, во Детроит го одигра мечот на кариерата, тој постигна 59 поени во триумфот на Њу Орлеанс 111:106.
Дејвис блескаше во Детроит покрај 59-те поени, тој имаше и 20 скокови, со што стана само третиот играч во последните 33 години, покрај Шекил О’Нил и Крис Вебер кој забележал ваков учинок.
Исто така Дејвис, постави нов рекорд на франшизата, претходниот беше во сопственост на Џамал Мешбурн кој пред 13 години постигна на еден меч 50 поени, а исто така стана играчот кој постигнал најмногу поени во Детроит, претходниот рекорд му припаѓаше на Леброн Џејмс.
Дејвис речиси сам го победи Детроит, од соиграчите поддршка доби само до Џру Холидеј (20 поени, 9 скокови, 7 асистенции).
Детроит го предводеа Реџи Џексон (34 поени) и Андре Драмонд (21 поени, 14 скокови).
Кливленд, во дербито, ја декласира Оклахома со 115:92. Леброн Џејмс имаше учинок од 25 поени, седум скокови и 11 асистенции, додека најефикасен кај Кливленд беше Кевин Лав со 29 поени и 11 скокови.
Оклахома, го забележа вториот пораз во низа по Ол Стар викендот. Најефикасен беше Кевин Дурент со 26 поени, додека Расел Вестбрук беше на чекор до ’трил дабл’ (20 поени, 11 асистенции и 9 скокови).
Коби Брајант со добра партија се прости од Чикаго. Булси славеа над Лејкерси (126:115), а Брајант мечот го заврши со 22 поени.
Резултати: Торонто-Мемфис 98:85, Бруклин-Шарлот 96:104, Орландо-Индијана 102:105, Феникс-Сан Антонио 111:118, Денвер-Бостон 101:121, Портланд-Јута 115:111, Далас-Филалделфија 129:103.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Кривична пријава против осум лица од Виница и виничко за кривични дела во врска со бесправна сеча и транспорт на огревно дрво
-

МВР: Лишен од слобода скопјанец поради кражба на бакарни кабли во вредност од 200 000 евра
-

Во Чешка разбиена криминална група која шверцувала кокаин во торти
-

Физичка пресметка помеѓу пратениците во Парламентот на Турција
-

Во ГОБ „8-ми Септември“ повторно работи неврохируршката служба, оперирани двајца пациенти
-

Алиу на онлајн-состанок со странски експерти за кардиохируршки интервенции - процесот го водиме за независен стручен увид на состојбата
-

Словенечки вештак сведочи за несоодветни терапии во случајот „Онкологија“, судењето продолжува утре
-

Обезбедување украло бакарни кабли вредни 200.000 евра од градилиште во Центар
