-->
-->
Назор незадоволен од неодговорноста на неговите играчи
-->
Анте Назор тренерот на МЗТ Скопје Аеродром не го криеше незадоволството од одностот и пристапот на неговите играчи на мечот со Игокеас кој аеродромци го загубија, а по што дополнително ја искомпликуваа ситуацијата за опстанокот во АБА лигата.
Хрватскиот стручњак ја потенцира неодговорноста во играта на неговата екипа, што придонесе за новиот неуспех во оваа АБА конкуренција.
- Игокеа заслужено победи. Факт е дека повеќе се бореа од нас, додека ние покажавме неодговорност. Недозволиво е вака да се игра. Ја превземам одговорноста за поразот. Навивачите и менаџментот на клубот не заслужуваат да гледаат ваков меч. Без борбеност и одговорност. Не смееме вака да се однесуваме. Остануваат уште два натпревари до крај и верувам дека ќе успееме да обезбедиме опстанок во лигат’, изјави Назор по шеснаесеттиот пораз на МЗТ Скопје сезонава во АБА конкуренцијата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пожар во Кисела Вода – повредени 4 лица
-
Меџити: Имаме поважни работи од промена на грбот и химната
-
По најавите на Трамп за зголемување на царините, македонските компании будно ја следат состојбата
-
Одложен тендерот за центарот за управување со отпад кај с. Мечкуевци
-
Преглед на вестите од светот
-
Може ли Скопје преку Вашингтон да најде пократок пат до Брисел
-
Службен весник ги објави одлуките за замрзнатите цени и маржи
-
Уставен суд поведе иницијатива по предлог на обвинителката Ленче Ристовска