-->
-->
Навивачи на ФК Шкупи претепале двајца малолетни штитеници на „Академија Вардар“
-->

Вчера во 19.00 часот во ПС Центар, М.Ж. (73) од с.Сопиште, скопско, и О.К. (45) од Кичево пријавиле дека истиот ден околу 13.30 часот петнаесетгодишен внук на М.Ж. и петнаесетгодишниот син на О.К., во близина на „Академија Вардар“, физички биле нападнати од група од 20 до 30 лица, најверојатно навивачи на ФК „Шкупи“.
Во наведеното време малолетниците излегле од спортската сала „Кале“ и се упатиле кон „Градски парк“. Во непосредна близина на „Академија Вардар“ забележале дека зад нив се движела групата. При разминување едно лице од групата со тупаница го удрило внукот на М.Ж. во пределот на лицето, додека неколку други лица физички го нападнале синот на О.К., удирајќи го со нозе и раце во пределот на главата и телото. Малолетниците забележале дека едно од лицата имало нож во рака, а повеќе други лица имале метални шипки на расклопување, кои не ги употребиле.
Синот на О.К. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во ГОБ „8-ми Септември“, каде му била укажана медицинска помош и му биле констатирани телесни повреди.
Претходно, непосредно по случувањето на горепријавениот настан, од страна на полициски службеници, кои биле ангажирани да го обезбедуваат фудбалскиот натпревар помеѓу ФК „Вардар“ и ФК „Шкупи“, било интервенирано и во ПС Центар биле приведени шест лица од Скопје и едно лице од Велес.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ИЈЗ со препораки за населението во поплавените подрачја
-

Вардар подобар од Брера на гостувањето во Струмица
-

ЦУК: Стабилна состојба на реките по обилните врнежи, се расчистуваат мостови
-

Сопственик на фирма од кавадаречко оштетен за 80 илјади денари, измамен преку хакирана електронска пошта
-

Патничка повредена при судир на автомобил и автобус кај Струга
-

Во Струга приведен крадец баран за затворска казна од три години
-

Поетот Севдаил Демири и писателот Ресул Шабани добитници на државната награда „22 Ноември“ за 2025 година
-

Штети и проблеми од невремето во западна Грција и на островот Крф
