Науката докажа дека кучињата препознаваат лоши луѓе
Ако имате домашен миленик, веројатно веќе сте сфатиле дека вашите крзнени пријатели се паметни, а сега истражувањата покажуваа колку кучињата се навистина итри и колку добро може да ги проценат луѓето.
Истражувањето направено од страна на списанијата “Neuroscience” и “Biobehavioural Reviews” покажа дека кучињата можат да ги разликуваат добрите од лошите личности. Поточно, тие можат да проценат кога некој се однесува лошо кон друга личност.
Изгледа кучињата имаат вградено детектор за препознавање.
Малите и паметни домашни миленици овие информации ги користитат за да знаат како да се постават во комуникацијата со луѓето, вклучувајќи ги и нивните сопственици.
За да ги проверат своите заклучоци, истражувачите ги замолиле сопствениците пред своите кучиња да одглумат сценарија во кои разлчно се однесуваат. Волонтерите глумеле дека не можат да оворат лименка па барале помош од двајца истражувачи кои биле со нив.
Во првото сценарио, еден од истражувачите пасивно стоел додека другиот помагал на сопственикот. Во другото сценарио еден истражувач само стоел не раегирајќи, додека другиот директно одбил да помогне.
Во двата случаи на крајот истражувачите понудиле храна на кучињата.
Во првото сценарио, кучињата подеднакво земале храна и од едниот и од другиот истражувач. Во вториот случај, каде еден од истражувачите бил отворено груб кон сопственикот, кучињата во голем процент ја одбиле храната.
Истражувањата покажале дека кучињата добро ги проценуваат луѓето и нивното однесување, па врз основа на тие информации одлучуваат.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Осум уапсени за сквернавење на македонското знаме, ќе има уште многу, најавуваат од МВР
-
Мицкоски: Инцидентите се дел од планот за дестабилизација
-
Мицкоски најавува справување со корупцијата во правосудството од понеделник
-
Мицкоски: Ние веќе немаме што да дадеме
-
Блокирана е сметката на ЈСП
-
„Блек Фрајдеј“: Маркетиншки трик или реални попусти?
-
Патот Охрид - Кичево црна точка во сообраќајот