-->
-->
Научник со апокалиптични прогнози: Ситуацијата е алармантна, сите земји во светот влегоа во црвено
-->

Вистина, така е, но податоците покажуваат како во изминатите 150 години температурата ширум светот пораснала барем за половина, во просек за еден целзиусов степен.
Липонен, истражувач од финскиот Метеролошки институт собра мерења од просечните температури ширум светот и направи визуализација која од една страна е интересна да се погледне, но од друга покажува застрашувачки податоци. Земјата станува се потопла. Липонен во својата визуализација опфати податоци од 191 земја и покажа колку температурите во тие земји се промениле во однос на просечната температура која НАСА тоа го забележала измеѓу 1951. и 1980 година.
На почетокот на визуализацијата сите земји се означени со сини кругови (температурата ниска од просекот), но како времето поминува тие кругови стануваат црвени и големи. Најголема промена е забележана во овој век кога круговите на екранот се црвени и големи.
Липонен предупрдува дека растот на температурата од 2 степени целзиусови е доволен да влијае на климата и климатските промени. Некои земји таа температура веќе ја достигнале.
- Без оглед на тоа како ова го гледате, промените изгледаат застражувачки, предупредува Липонен на Твитер, преставувајќи го видеото.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот: Каква е статистичката слика за локалните избори
-
Три нови уролошки процедури
-
Преглед на вестите од светот
-
Гласаат затворениците, болните и изнемоштени лица и оние сместени во установи за вонсемејна грижа
-
Кондарко: Исправена е печатната грешка на гласачките ливчиња во Ново Село
-
Во Прилеп гласаат 297 болно и изнемоштено лице, 63 штитеници во Домот за стари лица и 119 осудени лица во КПД Прилеп
-
Гласање на болни и изнемоштени и осуденици во затвор - Штип
-
Во понеделник интервју на кандидатите за судија во Судот во Стразбур