Македонија
14. January 2016 - 18:09

Научната заедница да поработи на условите за истражувачка дејност

Научниците да бидат поажурни и сами да бараат државни пари за истражување. Буџетот за наука може да се зголеми доколку некој го бара тоа од државата. Заменик министерот за обарзование ја повика научната заедница, заедничики да поработат во подобрување на условите за истржувачката дејност.Ристовски смета дека 0, 2 проценти од буџетот се недоволни средства за равој на науката, но вели се прават напори да се зголеми таа сума.

Спиро Ристовски-зам мин за образование-се сложувам дека треба многу поинтензивно да се посвети внимание на науката, неопходна е поддршка од научната заедница но и истовремено неопходен е ангажман од страна на самите структури за да се промовира науката во Македонија...

Со набвката на 80 лабаратори и стручна литература се подобрува образовната  слика во делот на науката. Дел од нив се акредитирани, вршат испитувања кои се меѓународно прознати и се на располагање на сите граѓани .

Од 80-те лаборатории во проектот за набавка, 42 се акредитабилни, 11 го завршиле процесот на акредитација, а наскоро се очекува целосно да бидат акредитирани уште три лаборатории на  Градежниот факултет. 

Ристовски очекува сите акредитирани лабаратории своите методи да ги користат  за научни цели но и да ги комерцијализираат и преку нив да остварат доплнителен приход.