Научна конференција за патот на Македонија кон ЕУ
Секретаријатот за европски прашања (СЕП) со научна конференција „Република Македонија на патот кон Европската унија (2020) – Искуства, предизвици, перспективи“ ќе ја оддбележи 20-годишнината од почетокот на работата и официјалното воспоставување на односите со ЕУ, како и 9 Мај, Денот на Европа.
На научната конференција, организирана во соработка со Македонската академија на науките и уметностите – МАНУ, воведни обраќања ќе имаат претседателот на МАНУ академик Таки Фити, вицепремиерот за европски прашања Арбр Адеми и амбасадорите на ЕУ и САД во Македонија, Аиво Орав и Џес Бејли.
Потоа во три панел дискусии свои излагања ќе имаат повеќе актуелни и поранешни министри и функционери вклучени во процесот на евроинтеграциите, академици, универзитетски професори и експерти.
Ново на Сител
-
Митинзи на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Гостивар и Тетово
-
Митинзи на СДСМ и коалицијата во Гевгелија и Валандово
-
Застрелан носителот на листа на ДУИ во Липково
-
Уапсени управители на старечки дом во Капиштец, се сомничат за нехуман третман на корисниците
-
Тема на денот со Борис Ѓорѓиевски, Дојче Веле
-
Почнува пријавување за бесплатната вакцинација против грип за ризичните групи
-
Апсење за нехуман третман на стари лица
-
4% инфлација во септември