-->
-->
НАТО загрижен поради руската акција во Сирија
-->
НАТО синоќа изрази загриженост дека во воздушните напади на Русија во Сирија се разорени области на земјата кои ги држат бунтовниците, а не позиции на Исламска држава.
- Загрижен сум поради извештаите дека мета на руските воздушни напади не била ИД, рече генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг за време на посетата на САД.
Столтенберг додаде дека особено го загрижува тоа што руската страна не се потрудила да ги усогласи своите воздушни напади во Сирија, со тековната операција на коалицијата предводена од САД против Исламска држава.
Претходно вчера и американскиот секретар за одбрана Ештон Картер рече дека во воздушните напади во Сирија најверојатно се погодени и овласти во кои нема борци на Исламска држава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЗНАМ: Наскоро имиња за Центар и Куманово
-
Преглед на вестите од светот
-
Убиство пред казино во Кавадарци
-
Деканот на Градежен нов независен кандидат за градоначалник на Скопје
-
Родителите на децата Македонци при упис во училиште, не ја почитуваат реонизацијата
-
Филипче ги отфрла обвинувањата за таен план со ДУИ за хаос на изборите
-
Волонтерите од струмичкиот Црвен крст собираат училишен прибор за децата од социјално ранливите семејства
-
Пчеларите бараат повисоки субвенции