-->
-->
НАТО планира да распореди мултинационална бригада во Романија
-->
НАТО планира да распореди мултинационална бригада во Романија, освен четирите баталјони на Алијансата во балтичките земји и Полска, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој пристигна на средба на министрите за одбрана на земјите-членки на Алијансата, јави ДПА.
- Планираме да донесеме одлука за проширување на нашето воено присуство во регионот на Црното Море. Веќе го зајакнавме своето воздушно патролирање и вежбите и го разгледавме создавањето во Романија на штабни структури за распоредување на мултинационална бригада на Алијансата, додаде тој.
Конечната одлука за тоа прашање се очекува на самито на НАТО во Варшава на 8 и 9 јули.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Голем пожар во Јажинце
-
Стојановска: Прагот од 0.95% потребни потписи е потценување на независните
-
Самит САД-Русија посветен на иднината на Украина на Алјаска
-
Два критични пожари во околината на Скопје
-
Цвета Ристовска е нов заменик претседател на Антикорупциска
-
Покана за распит на Билјана Ивановска
-
И годинава ниеден македонски универзитет не се најде на Шангајската листа