НАТО и се извини на Турција поради инцидентот на вежбата во Норвешка
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска и се извини на Анкара поради инцидентот што се случи при воена вежба во Норвешка, за време на која основачот на модерна Турција, Мустафа Кемал Ататурк бил наведен како непријател на НАТО.
Четириесетина турски војници и офицери кои учествуваа на вежбата се повлекоа во знак на протест, откако го виделе името на Ататурк во материјалот што бил подготвен за вежбата.
Ердоган остро реагираше поради овој инцидент во говор во Анкара. - Се случи инцидент во Норвешка. Тие поставија мапа со непријатели, на која го имаше името Мустафа Кемал Ататурк и моето име, изјави Ердоган.
Според Столтенберг, се работи за грешка од страна на надворешна компанија која била ангажирана од НАТО да ги подготви материјалите за вежбата и која изработила мапи и графикони на кои имало слика од Ататурк наведен како неприател.
Дополнително, офицер на норвешката Воена морнарица, кој потекнува од Турција, направил лажен профил на претседателот Ердоган на интерна социјална мрежа што ја користи НАТО, од кој постирал анти-НАТО коментари. Офицерот бил разрешен откако бил откриен.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-
Избори во Германија, 630 пратеници за новиот состав Буденстагот
-
При градежни работи пронајден човечки труп
-
Затвореници со секојдневен излез се обиделе да внесат дрога и пари во Идризово
-
Преговори за откуп на тутун
-
Нема доволно водичи кои говорат германски јазик
-
Гејминг центар што обединува: Деца од различни светови, иста игра
-
Преглед на вестите од светот