НАТО го зајакнува надзорот над Црното Море и го осуди излегувањето на Русија од Договорот за жито

НАТО денеска соопшти дека го осудува повлекувањето на Русија од договорот за безбедно минување на бродови со украинско жито низ црноморските рути и најави засилен надзор над Црното Море.
Соопштението е издадено по состанокот на Советот НАТО-Украина формиран претходно овој месец за координирање на соработката меѓу Северноатлантската алијанса и Украина.
– Сојузниците и Украина остро ја осудија одлуката на Русија да се повлече од Црноморскиот договор за транспорт на украинско жито и намерните обиди на Кремљ да го запре извозот на украинските земјоделски производи од кои зависат стотици милиони луѓе ширум светот. НАТО и сојузниците го зајакнуваат надзорот и извидувањето во регионот на Црното Море, вклучувајќи поморски, патролни авиони и беспилотни летала, се вели во соопштението на Алијансата.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Никола Мемов, директор на ПИОМ
-

Последици од поплавите во о.Чешиново-Облешево
-

Дали снегот и годинава ќе ги изненади институциите?
-

СДСМ: Фирма со 2 вработени добила 9 милиони евра државни тендери за 6 месеци
-

ВМРО ДПМНЕ обвинува за криминал
-

Илир Демири од алијансата на Села ќе делува како независен пратеник
-

Пензионерите поделени околу протестот пред Уставниот суд
