Наташа Беквалац го повредила вратот во сообраќајка
Наташа Беквалац го повреди вратот во сообраќајна несреќа која ја доживеа завчера на Мостот на Ада. Во возилото на Наташа се забило друго возило одзади при што пејачката го повредила вратот. За среќа станува збор за полесна повреда.
Иако на самото место брзо дошла итната помош, која на пејачката и советувала да го сними повредениот дел и евентуално да стави крагна, таа тоа не го направила и на сопствена одговорност одлучила да оди дома.
Вчера папараците пред нејзиниот стан го сликале нејзиното BMW, на кое се видливи трагите од ударот. Според очевидци, виновен е другиот возач кој одзади удрил во возилото на Наташа.
Наташа не се јавувал на повиците на новинарите, но нејзиниот сопруг Љубомир Јовановиќ потврдил дека таа имала сообраќајка.
-Наташа имаше помала незгода. Мислам дека била сама во возилото кога дошло до несреќата. Уште не знам што пишува во полицискиот записнилк. Нема голема штета врз автомобилот, ама треба да го однесам на мајстор, вели Љубо.
Пејачката вчера се одмарала во својот стан и не излегувала надвор за да го зачува вратот од додатни напори.
Ново на Сител
-
Пронајдено безживотното телото на стружанецот по кој се трагаше два дена
-
Терористички напад во Турција: Четворица загинати и 14 повредени
-
В.д. директор на ЗОО-Скопје: АХВ упадна без налог и известување
-
Се уште забранета водата за пиење во Струмица
-
Малолетничка претепана со тврди предмети од дечкото
-
Баба (68) „копала“ крипто валути, измамена за 215.497 денари
-
Татко ја пријавил за исчезната малолетната ќерка, таа се јавила од Косово
-
Криминалци со пиштоли влегле во фирма за брзи кредити и украле 5000 евра