Наставничка во Прилеп заразена од коронaвирусот, 20 ученици во самоизолација
Во Прилеп денеска е потврден прв случај на наставничка инфицирана со Ковид- 19 и 20 ученици од второ одделение од прилепското основно училиште „Климент Охридски“ се ставени во самоизолација.
По потврдениот случај на наставничката инфицирана со коронавирусот постапено е согласно протоколите за работа во основните училишта. Со решение од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, наставничката и 20 ученици од второ одделение од ова прилепско основно училиште, се ставени во самоизолација во траење од 14 дена, информираат од прилепската локална самоуправа.
Инаку, од Центарот за јавно здравје соопштуваат дека денеска во Прилеп има 25 нови случаи на заразени од коронавирусот, а 14 лица оздравеле од заразната болест.
Бројот на активни случаи во Општината изнесува 191, од кои 155 се наоѓаат на домашно, а 36 на болничко лекување. Во домашна изолација и во самоизолација се 420 лица.
Вкупниот број на заразени од Ковид-19 од почетокот на пандемијата во Прилеп е 864 лица.
Ново на Сител
-
Како ќе функционира „Везилка“
-
Преглед на вестите од светот
-
Уште три дена кампања, лидерите ја заоструваат реториката
-
Ѓорѓиевски најави повеќе мерки за подобрување на образовниот процес
-
Шукова најавува инфраструктурни проекти во Општина Бутел
-
Булингот се повеќе присутен помеѓу учениците
-
Жените земјоделки: Нашето земјоделство е пациент кој што го лечеа многу лекари, но никој не ја погоди точната дијагноза
-
Занаетчиството во криза