-->
-->
Нашите кошаркари поразени и од Турција
-->

Кошаркарската репрезентација на Македонија забележа убедлив пораз од Турција од 68:85 (20:22, 20:29, 14:19, 15:14) на турнирот во Каунас, Литванија. По серијата од четири победи во подготвителниот период, македонските кошаркари го запишаа вториот пораз, откако во вторникот беа поразени од Литванија.
Избраниците на Марјан Србиновски против Турција го одиграа најлошиот натпревар во досегашниот тек од подготвките, што и резултираше се убедлив пораз.
Македонските кошаркари уште од самиот почеток имаа проблеми со агресивниот пресинг на Турција, а тоа на крајот резултираше со 18 загубени топки, не функционираше ниту шутот за два поена. ‘црвено-жолтите’ шутираа со 37-процентна успешност, а најмногу потфрлија во одбраната што најдобро го отсликува податокот дека примија 85 поени.
Најефикасен во македонскиот тим беше Хендрикс со 18 поени, Илиевски постигна 12, додека Турција ја предводеше играчот кој е роден во Охрид, Чеди Осман, кој постигна 24 поени.
По турнирот во Каунас најдобрите македонски кошаркари се селат во Мадрид каде од 22. до 25. август ќе одиграат два меча против Шпанија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Амар Мециновиќ, кандидат на Левица за градоначалник на Скопје
-

Кандидати и актуелни градоначалници се мобилизираа во чистење на главниот град
-

Кој треба да понесе одговорност по изборните резултати?
-

Мицкоски повика на масовност во втор изборен круг
-

Се зголемува бројот на жртви на семејно насилство во Прилеп
-

Преглед на вестите од светот
-

Ќе има ли прегрупирање на гласови во вториот круг?
-

Тема на денот со Александар Трајановски, кандидат на СДСМ за градоначалник на Аеродром
