Македонија
21. September 2015 - 13:26

Насади со Канабис откриени во село Туин, Кичевско

Полициските службеници од полициската станица во Кичево во акција реализирана на 17-ти овој месец открија 160 садници од растението „Канабис“ на различни локации кај местата „Башоски нивје“ и „Таироски нивје“ во атарот на кичевското село Туин.

Акцијата за одземање, како што информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, следувала по претходни оперативни сознанија дека на подрачјето на кичевското село Туин има неколку парцели со добро затскриени насади со стебла во различна големина од растението „Канабис“.

- Во акцијата, 108 садници се откорнати од неколку ниви во вкупна површина од 700 метри квадратни, кај месноста „Таироски нивје“, додека 52 стебла од ниви во површина од 40 метри квадратни кај „Башоски нивје“. Насадите, по преходна консултација со јавен обвинител се откорнати и испратени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје, истакна Димоски.

Полициската станица од Кичево презема натамошни мерки за утврдување на идентитетот на лица кои нелегално ги засадиле и одгледувале насадите.