НАСА мораше да ја смирува паниката: Нема денеска да не удри астероид!
Луѓето се избезумени откако повеќето медиуми јавија дека денеска, на католички Божиќ покрај Земјата ќе помине астероид и најверојатно ќе ја погоди..
Мораше да се огласи лично НАСА за да ги демантира гласините.
Еве што е вистина: Астероидот 2003 SD220, со обем од околу 1 километар, навистина ќе помине покрај Земјата, но тоа „покрај“ треба да се сфати условно: станува збор за раздалеченост од 11 милиони километри.
-Најмногу што овој астероид ќе се приближи до Дедо Мраз и неговите ирваси е околу 28 пати поголема од оддалеченоста меѓу Месечината и Земјата, објаснува Пол Чодас, шеф на Службата за објекти близу Земјата.
Овој астероид повторно ќе пролета покрај Земјата 2018 година, и тогаш ќе биде најблиску до нашата планета, ќе помине на 2,7 милиони километри, додава Ленс Бенес, шеф за истражување на астероиди.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ утврди кандидати за градоначалници за претстојните локални избори
-
Тема на денот со Моника Зајкова, претседателка на ЛДП
-
34 лица обвинети за пожарот во кочанската дискотека
-
СДСМ ја поздравува проширената истрага но смета дека е задоцнета
-
Македонија и Унгарија потпишаа договор за стратешка соработка
-
Претседателката: Не е проблем да разговарам со премиерот Жељасков
-
Правда финализираше пет закони од Реформската агеда
-
СЗДСМ - или современи помагала или лицата со дијабет ќе излезат на протест