Народната канцеларија на претседателот Иванов во Скопје повторно во функција
Народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов во Скопје од денеска е повторно во функција и е отворена за граѓаните на Република Македонија.
Народната канцеларија во Скопје беше отворена на лична иницијатива на претседателот Иванов во април 2010 година, како резултат на неговиот интерес за непосреден контакт со граѓаните и нивен конкретен придонес во градењето успешни и функционални политики.
Изминатите седум години во Народната канцеларија во Скопје, како што информираат од кабинетот на Иванов, беа организирани многу настани и манифестации од културен и научно-едукативен карактер, натпревари, изложби и промоции.
Преку народните канцеларии, граѓаните имаа можност да ги изложат своите иницијативи, предлози и сугестии од јавен карактер, како и да се запознаат со активностите на институцијата Претседател.
- За време на протестите на т.н.„Шарена револуција“ во април минатата година, Народната канцеларија во Скопје беше демолирана и уништена од страна на дел од демонстрантите. Судскиот процес против сторителите на кривичното дело, се уште е во тек, се наведува во соопштението од кабинетот на претседателот Иванов.
Ново на Сител
-
Националната мрежа на земјоделци смета дека откупната цена на лебното зрно од 12 денари е ниска
-
ЦУК: Осум пожари на отворен простор, четири се активни
-
Тешка сообраќајка во скопски Карпош, три лица повредени
-
Стефковски: Водовод и канализација и Град Скопје да обезбедат вода за Црешево, Смилковци, Маџари, Железара, Автокоманда и Ченто
-
Претреси во Скопје, две лица лишени од слобода, запленета дрога и оружје
-
Ставени под контрола пожарите кај Измир
-
УХМР: Многу топло до вторник, потоа значителен пад на дневната температура
-
Просечната откупна цена на зелката 43 денари за килограм, на доматот 45