Нарендра Моди: Африканската унија е прифатена за постојана членка на Г20
Африканската унија е прифатена како постојана членка на Г20, изјави индискиот премиер Нарендра Моди во својот воведен говор на состанокот на Г20, што се одржува овој викенд во Делхи.
Моди го покани претседавачот на Африканската унија Азали Асумани да го заземе svoeto место на масата на лидерите на Г20 како претставник на постојана членка на блокот.
„Со универзално одобрение, го поканувам претседавачот на Африканската унија да го заземе svoeto место како постојана членка на Г-20“, рече индискиот лидер во својот воведен говор.
Во својот говор, Моди исто така оцени дека светот страда од „криза на доверба“. „Постои огромна криза на доверба во светот. Војната го продлабочи овој дефицит на доверба.
Меѓутоа, штом успеавме да го надминеме Ковид, тогаш ќе можеме да се справиме и со оваа криза на меѓусебна доверба“, истакна индискиот премиер.
Африканската унија, која е континентална унија со 55 земји-членки, сега има ист статус како и Европската унија, која досега беше единствениот регионален блок со полноправно членство во Г20.
Досега Африканската унија беше „поканета меѓународна организација“.
„Ја поздравуваме Африканската унија како постојана членка на Г20 и силно веруваме дека вклучувањето на АУ во Г20 значително ќе придонесе за решавање на глобалните предизвици на нашето време“, се вели во нацрт-декларацијата од Самитот во Делхи, во која имале увид дел од меѓународните медиуми.
На состанокот се очекува да се разговара за прашања како обезбедување повеќе заеми за земјите во развој од мултилатерални институции, реформирање на архитектурата на меѓународниот долг, регулирање на криптовалутите и влијанието на геополитиката врз безбедноста на храната и енергијата.
Нацрт-декларацијата е долга 38 страници, со параграфи посветени на климатските промени и реформите на мултилатералните развојни банки.
Параграфот со наслов „Геополитичка ситуација“ беше оставен празен, што според Ројтерс ја одразува длабоката поделеност меѓу членките на Г20 околу војната во Украина.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Сузана Јошевска Анастасовска, адвокат
-
Приведено лице поради обид за подметнување пожар кај брана Водоча, обвинителството бара притвор
-
Владата бара нови кандидати за ЕСЧП
-
Собранието му изгласа недоверба на обвинителот Коцевски
-
Собранието ја констатираше оставката на претседателката на Антикорупциска
-
Чешкиот „Блек Хок“ доаѓа во Скопје, ја прифативме и помошта од Словенците - најкритично на Готен
-
Аpсовска се соочи со напаѓачот Јамалари – тој не чувствува вина за нападот
-
Кривична пријава за градоначалникот на Кичево – Дехари свесно направил депонија во градот