Напролет пристигнуваат вакцини против Ковид-19 за деца од 5 до 12 години
Државата во 2022 година ќе набави половина милион вакцини Фајзер. Во нив ќе бидат вклучени и 10.000 педијатриски дози за вакцинација на деца од 5 до 12 години, односно за 1 процент од вкупниот број деца на таа возраст. Детските вакцини според информациите од Владината прес служба треба да стигнат во првото тримесечие, односно до крајот на март идната година. Но, засега нема подетални информации кога е дадена препораката од Комитетот за имунизација да можат да се вакцинираат и деца од 5 до 12 години, ниту кои деца ќе бидат опфатени со процесот на имунизација против Ковид-19.
Засега во земјава има препорака за вакцинација на деца над 12 годишна возраст само со вакцината Фајзер.
Според последните податоци од Министертството за здравство 48 проценти е опфатот со вакцинација со 2 дези на полнолетната популација, а трета доза примиле 86.266 граѓани.
Александар Динев
Ново на Сител
-
За 100 евра месечно поскапе сместувањето во државни старечки домови
-
Тошковски најавува кривична одговорност
-
Тема на денот со Билјана Ивановска, поранешна претседателка на ДКСК
-
РСБСП: На матурска без автомобил!
-
Шпанија и Португалија без струја
-
Палевски: Ако сум убил – ќе правев алиби
-
СДСМ со видео снимка обвинува дека Тошковски штити роднини на високи партиски функционери
-
Претседателката на ДКСК Димитровска веднаш да поднесе оставка