-->
-->
Нападнат полицаец во Скопје
-->
Нападнат полициски службеник во Скопје. Како што стои во билтенот на МВР, утринава во 02.40 часот, полициски службеник од Полициската станица Гази Баба физички бил нападнат од лицето Ф.А.(31) од Скопје. Додека полицискиот службеник се движел кон своето возило кое било паркирано на паркинг простор на улица „Лазар Поп Трајков“, бил пресретнат и физички нападнат од Ф.А.. Напаѓачот бил совладан и приведен. При приведувањето во полициска станица, Ф.А. во еден момент се оттргнал и физички го нападнал и дежурниот полициски службеник.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Рибарските мрежи опасни по живиот свет во езерото
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Голема симулациска вежба на скопскиот аеродром
-
Беџети контра Ахмети: ДУИ не е за бојкот на изборите
-
ВМРО-ДПМНЕ до Пендаровски – Ако не може да помогне, да не и одмага на Македонија
-
Јанев: Контроли има, недостасува сообраќајна култура
-
Голема симулациска вежба на Скопскиот аеродром
-
Бизнис конфедерацијата на Македонија нуди излез од лавиринтот на минималната плата