Македонија
9. March 2025 - 21:37

Рибарските мрежи опасни по живиот свет во езерото

Рибарските „мрежи духови“  опасни по живиот свет во Охридското езеро.Според експертите, оставените или заборавените мрежи претставуваат закана за еко-системот на  езерото, кое е под голем притисок од загадувањето и човековото влијание.

Најмногу ги има точно на местата одредени како природни рибни плодишта, што се и најинтересни локации за рибокрадците.
Редовните акции за чистење се клучни бидејќи рибарските мрежи со децении гнијат во длабочините на Охридското Езеро и го загрозуваат опстанокот на живиот свет во него, меѓу кои и на охридската пастрмка и белвица.

Во 2017 година беа извадени импозантни 14 километри мрежи, во 2023 околу 2 километри, а последната нуркачка акција беше спроведена во октомври лани.Добрите познавачи апелираат   на позачестени контроли и поригорозни казни.