Напад во Тел Авив: Застрелан маж кој со автомобил влетал во толпа народ
Во Тел Авив се случи напад во кој најмалку седум лица беа повредени кога автомобил влета во толпа пешаци, а напаѓачот потоа избоде луѓе со нож.
Скај њуз наведува дека се верува дека овој напад го извршиле Палестинци, а израелскиот весник Хаарец наведува дека напаѓачот бил застрелан од цивил кој случајно се нашол таму.
Jerusalem Post пишува дека терористот откако налетал на луѓе со автомобил излегол од возилото и успеал да прободе една жртва во вратот, а потоа бил застрелан.
Хазем Касем, портпаролот на палестинското екстремистичко движење Хамас, наводно рекол дека „херојскиот напад во Тел Авив е првиот одговор на злосторствата на окупацијата врз народот на Џенин“, мислејќи на бегалскиот камп на Запад, која вчера беше нападната од израелски дронови.
Jerusalem Post ја цитира и изјавата на командантот на израелската полиција за областа Тел Авив, кој изјавил дека терористот е Палестинец од Западниот Брег, кој дејствувал сам и влегол на територијата на Израел со дозвола издадена врз основа на медицински наоди.
Ново на Сител
-
Захарова: Руската делегација пристигна во Истанбул, подготвена за сериозни разговори
-
Лишени од слобода две лица во Гостивар и Тетово, возеле со 1.74 и 1.52 промили алкохол во крвта
-
Охрид домаќин на финалниот турнир во ракометниот Куп на Македонија
-
Абутовиќ и во новата сезона во дресот на Еурофарм Пелистер
-
Фудбалерките на Љуботен го освоија Купот на Македонија
-
Босна ја освои титулата во АБА 2
-
Папата Лав Четиринаесети го прими Синер
-
Мбапе се запиша во историјата на Реал Мадрид