Наместо да закупува секоја година, Град Скопје ќе набави новогодишни украси кои ќе бидат сопственост на градот
Соочени со енергетската криза која е во тек, а имајќи во предвид дека државата набавува електрична енергија со драстично повисока цена, како и во согласност со владината одлука за прогласена кризна состојба во енергетскиот сектор, сакаме да ја информираме јавноста дека Град Скопје побара раскинување на договорот со Линк медиа плус дооел за новогодишно украсување на градот во вредност од 14.986.000 денари односно 243.000 евра, информираат денеска од Град Скопје.
Оттаму додаваат дека следната година наместо досегашната практика на ненаменско трошење на парите на граѓаните и ангажирање на компанија за украсување, Град Скопје ќе набави украси кои ќе бидат сопственост на Градот со што ќе се заштедат значителни средства од градскиот буџет кои досега секоја година се трошеле за еднократен годишен закуп на овие украси.
Ова, велат од Град Скопје, е само прв пример за воспоставување нова пракса на одговорно и транспарентно работење на Градот, со што, потенцираат, ќе се стави крај на неодговорното работење и трошење на градските буџетски средства.
Ново на Сител
-
Митинг на ВМРО-ДПМНЕ
-
Митинг на СДСМ
-
Тема на денот со Сотир Лукровски, кандидат за градоначалник на Карпош од ВМРО-ДПМНЕ
-
Скапата терапија проблем за лицата со ретки болести
-
Преглед на вестите од светот
-
Ветото ја кочи ЕУ, отпор кон предлогот на Кошта за квалификувано мнозинство
-
Советниците на Град Скопје ја завршија последната седница за нецели 5 минути и заминаа на коктел
-
Мицкоски и Филипче се обивнуваат за црна кампања