Намален напливот на мигранти од Грција
Бројот на мигрантите кои преку Грција пристигнуваат во привремениот транзитен центар во Гевгелија, во последниве неколку дена е значително намален. Последните три деноноќија, според податоците од гевгелискиот регионален центар за управување со кризи, нивниот број се движи од 700 до 1.000 што претставува рекордно намалување од почетокот на бегалската криза до денеска.
Според УНХЦР, во грчките пристаништа вчера пристигнале 2.400 мигранти, но кога тие ќе пристигнат во ПТЦ Гевгелија и дали заедно во еден ден или пак одделно во помали групи, како што се практикуваше во последно време, никој не знае да каже.
Црвениот крст врши редовна распределба на храна, вода и зимска опрема, но во многу помали количини поради намалениот број на бегалците кои доаѓаат од Сирија, Авганистан и Ирак. Во текот на вчерашниот ден во кампот беше приклучен седмиот контејнер со електрична енергија за потребите на полицајците од Србија, Хрватска и Унгарија кои се дојдени на помош на македонските безбедносни единици.
Редовното чистење и одржувањето на комуналната хигиена во ПТЦ Гевгелија го врши „Комуналец“ чии што вработени во изминативе три дена изнеле од кампот 100 контејнери односно 500 кубици комунален отпад.
Ново на Сител
-
Нов електронски систем за дозволи за оружје
-
СДСМ: Тошковски отпушта чесни полицајци
-
Продолжува судењето за двојното убиство
-
Во наредните месеци нов закон за Судски совет
-
Состанок на високо ниво за новата рамка за одржлив развој меѓу ОН и Македонија
-
Мемеди: Намалена смртноста на детската клиника
-
Локалната најавува капитални проекти
-
Протести во Ореовец