-->
-->
Намален бројот на заболени од грип во Куманово
-->
Во последнава недела, Центарот за јавно здравје Куманово регистрира 95 заболени лица од грип, информираа денеска надлежните од јавната здравствената установа, што е речиси на истото ниво како и претходната седмица, но значително помалку во однос на седмицата пред неа кога биле евидентирани 136 лица.
Најголем број заболени - 247, Центарот за јавно здравје регистрирал во шестата недела од почетокот на сезоната.
- И оваа недела, најголем број од заболените-73 биле на возарст од 15 до 64 години, седум деца до четиригодишна возраст, девет од 5-17 години и шестмина заболени над 65 години, изјави денеска епидемиологот,Јадранка Стаменковска.
Од почетокот на сезонава евидентирани се 1.597 лица заболени од сезонски грип. Лани, вакцина против грип примиле над 1.500 граѓани, најголем процент од повозрасната популација.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
РСБСП: Внимателно и одговорно возење за време на празниците
-
Приведен крадец од Струмица, одземеното вратено на сопственикот
-
Земјотрес од 4,1 степени утрово во Србија
-
Јавниот превоз во Скопје утре по неделен возен ред
-
Приведени двајца криумчари, пронајдени мигранти од Кина
-
Приведен грчки државјанин поради давање поткуп
-
Имигрант од Лаос кој се лекува од рак доби џекпот од 1,3 милијарди долари
-
Лејкерси елиминиран од Денвер во првото коло на НБА плејофот