Намален бројот на туристи во март
Државниот завод за статистика денеска објави дека бројот на туристи во март изнесувал 43.033 и бележи намалување за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани.
Според објавените податоци, намалување има и кај бројот на ноќевања за 3,2 проценти кои во овој период изнесувале 91 532.
Бројот на домашни туристи во однос на март минатата година е намален за 4,3 проценти, а бројот на странски туристи за 3,1 процент. Ноќевањата на домашните туристи се намалени за 11,6 проценти, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 3,2 проценти.
Во периодот јануари - март е забележано зголемување на бројот на туристи за 6,9 проценти и тоа кај домашните туристи за 6,8 проценти, а кај странските за 6,9 проценти. Во овој период има зголемување и кај бројот на ноќевањата за 5,6 проценти и тоа кај странските туристи за 11,3 проценти, додека кај домашните туристи има намалување за 1,8 проценти.
Ново на Сител
-
Араухо ја известил Барселона дека сака да си замине
-
Милановиќ убедлив победник во вториот круг претседателски избори во Хрватска
-
Излезни анкети: Милановиќ убедливо го победи Приморац на изборите во Хрватска
-
Волц: Во тек се подготовки за состанок меѓу Трамп и Путин
-
До крајот на денот облачно и студено време со повремени врнежи од снег, најмногу снег има на Попова Шапка
-
Тојота се движи кон целосно враќање во Формула 1
-
Седлоски: Ќе го нападнеме трофејот во Купот на Македонија
-
Мицевски и Брдаровски заминуваат од Вардар