Намален бројот на работници во индустријата
Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – август 2025 година, во однос на истиот период лани, е намален за 3.8 %. Во август годинава, пак, во споредба со август 2024 година, бројот е помал за 2.6 %, соопшти Државниот завод за статистика.
Бројот на работниците во август 2025 година, во однос на август 2024 година, во секторот Рударство и вадење на камен се намалил за 1.7 %, во секторот Преработувачка индустрија за 2.7 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0.6 %.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во август 2025 година, во однос на август 2024 година, се намалил во групите Енергија за 1.8 %, Капитални производи за 7.1 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2.2 %, а се зголемил во групите Трајни производи за широка потрошувачка за 7.3 % и Интермедијарни производи, освен енергија за 1.0 %.
МИА
Ново на Сител
-
Фон дер Лајен на 15 октомври во Скопје
-
Васил Јованов бара поблага казна, обвинителството очекува повисока
-
Засилување на вакцинацијата со МРП за да не дојде до епидемија – синхронизација на 12 закони во здравството
-
Преглед на вестите од светот
-
Се санираат штетите од вчерашниот дефект во Влае кој го остави Скопје без вода
-
СДСМ денеска во Илинден, Петровец, Карпош и Центар
-
ВМРО ДПМНЕ денеска во Македонски Брод и Кичево
-
Османи најавува проекти за развој на спортот во Чаир