Наковска-Бикова освои злато на Светското првенство во стрелаштво за спортисти со инвалидитет
Македонската параолимпијка Оливера Наковска-Бикова го освои златниот медал на Светското првенство во стрелаштво за спортисти со инвалидитет во Ал Аин, Обединетите Арапски Емирати.
Таа во дисциплината пиштол – слободен избор 25 метри, со испукани 538 кругови го постигна најдобриот резултат во својата кариера и како второрангирана се пласираше во финалето.
Предводена од нејзиниот тренер Бранимир Јовановски и асистентот Драган Дојчиновски, во мошне квалитетно и драматично финале, Наковска-Бикова по првите пет истрели се најде на второто место на табелата, а веќе по завршување на втората серија од пет истрели ја презеде лидерската позиција и успеа да ја задржи до последниот куршум.
Со овој триумф, Наковска Никова ги комплетираше златните медали од сите големи натпреварување – Европско првенство, Светско првенство и Параолимписки игри, а два пати во кариерата поставуваше и светски рекорд.
Ново на Сител
-

Фетаи: Криминал, ДКСК и правосудство се најитните проблеми на кои треба да работиме
-

Мицкоски со најава за нови инвестиции
-

Помалку повреди и смртни случаи на работа преку нов проект финансиран од ЕУ
-

Помалку пари за ретки болести предвидени за идната година
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Јас побарав да запрат исплатите за ИПАРД
-

Фетаи: Меџити држеше 2 места во владата
-

Коцевски: Ќе ги засилиме капацитетите за Пулс
