Најверојатно Шпанија е погодена од втор бран на Ковид-19
Шпанските здравствени власти предупредија дека е можно да се случува вториот бран на Ковид-19, бидејќи Франција, Германија и Белгија пријавија пораст на новозаболени лица.
Шпанското Министерство за здравство соопшти дека во изминатите 24 часа регистрирани се 971 нови случаи, што е најголем дневен пораст од укинувањето на вонредната состојба кон крајот на јуни, како и оти во земјата има 281 жариште на новиот коронавирус.
– Можно е да имаме втор бран, но тоа не е најважно. Најважно е да продолжиме да следиме што се случува, да видиме кои мерки се неопходни и да ги преземе навремено, изјави заменик директорката на Координативниот центар за здравствени предупредувања и вонредни состојби при шпанското Министерство за здравство,. Марија Хосе Сиера.
Ново на Сител
-
Нова анкета за довербата во правосудството?
-
Тема на денот со Жана Базби, бизнис психолог и психотерапевт (Лондон)
-
Битoлски хирург фатен како прима поткуп по направена операција на жолчка
-
Мицкоски најави ригорозни контроли во маркетите
-
Според СДСМ задолжени се следните три поколенија, премиерот очекува унгарскиот кредит да го раздвижи стопанството
-
За нова цена на парното Регулаторна ќе одлучува до крајот на неделава
-
Левица со предлог измени на закон
-
Девет амбасадори се враќаат дома – иницијатива за именување на 4 нови