Најтопло во Велес и Демир Капија, портокалова фаза до крајот на седмицата
Во Велес и Демир Капија денеска била измерена највисоката температура на територијата на Македонија од 42 степени целзиусови. Портокаловото ниво за опасност од високи температури останува активно до крајот на работната седмица.
Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, 41 степен денеска биле измерени во Кавадарци, Виница, Гевгелија, 40 Струмица, 39 Штип, 38 Битола, Скопје-Зајчев Рид, 37 Тетово, 36 Берово, Крива Паланка, Прилеп, 34 Охрид, Претор, 31 Крушево, Маврови Анови и 24 Попова Шапка.
Времето денеска претпладне беше сончево. Од пладневните часови имаше мала локална облачност претежно во западните делови. Доцна попладне во крајните југозападни делови има зголемена облачност и грмежи зад границата со Албанија.
До крајот на денот, облачноста која сега е најголема на југозапад ќе ослаби и преку ноќта ќе преовладува претежно ведро и доста тивко време.
Времето утре ќе биде сончево и многу топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови понекаде во планинските региони ќе има услови за краткотраен пороен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23, а максималната ќе достигне од 36 до 42 степени. UV=10.
Во Скопје сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 41 степен.
Во следните денови и понатаму ќе биде претежно сончево и многу топло со максимална дневна температура која насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе надминува 40°C.
До крајот на работнава седмица ќе биде активно портокаловото ниво за опасност од високи температури.
Во петок и за време на викендот, а особено во сабота, во попладневните часови ќе има појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер и дневната температура ќе биде во постепено опаѓање.
Ново на Сител
-
Метар квадратен во „Белград на вода“ 9.125 евра, најскапиот платен паркинг 60.000 евра
-
Мицкоски го прочитал писмото од Ахмети, вели дека поминало времето кога политичари можат да влијаат на судии
-
Хезболах го именува Наим Касем за наследник на убиениот Насрала
-
Предлог буџетот за 2025 година денеска на владина седница
-
Шпоретите на гас причина за смртта на повеќе од 40.000 луѓе во Европа секоја година
-
Мицкоски: Има работна група на експерти која работи на законско решение за правичната застапеност
-
ДЗР: ЈСП „СКОПЈЕ“ не е во состојба да обезбеди квалитетни и навремени услуги на граѓаните на град Скопје
-
ЦУК: Четиринаесет пожари на отворено, 1 770 повици на 112 во последното деноноќие