Најсвежо утрово во Берово и Лазарополе
Во Берово и Лазарополе утрово е измерена најниска температура од 10 степени Целзиусови. Следат Маврови Анови со 12 степени, 13 во Битола, Претор и Попова Шапка, 14 Скопје-Петровец, Струмица, Крива Паланка, Тетово, Охрид, 15 во Демир Капија,
Прилеп, Дебар, 16 Куманово, Штип, Велес, 17 Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци, Крушево, 19 во Виница и 20 степени во Гевгелија.
За изминатите 24 часа до 8 часот утрово, според податоците од дождомерните места на УХМР, најмногу наврнат воден талог има во Пожаране 8 л/м2, 2 во Струмица и по 1 л/м2 во Скопје-Зајчев Рид, Битола, Гевгелија, Тетово, Ѓуриште.
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во северните планински подрачја ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне од 30 до 36 степени. УВ индексот ќе изнесува 7.
Во Скопје сончево и топло, попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 36 степени.
Ново на Сител
-
8 приведени при инцидентот во Нови Сад
-
Манчестер сити загуби три натпревари во низа
-
Претседателката Сиљановска Давкова со честитки до Трамп
-
Без да плати со приватно возило поминувал патарина, кривична за началник
-
Кина: Го почитуваме изборот на американскиот народ
-
Гори Безистенот во Струга
-
Макрон му честита на Трамп
-
Зеленски му честиташе на Трамп: Верувам во продолжување на американската поддршка за Украина