Најстудено во Скопје и Крива Паланка, најмногу дожд во Охрид
УХМР соопшти дека утрово до 8:30 часот најстудено било во Скопје – Петровец и Крива Паланка, седум степени, додека максимални 14 степени се измерени во Битола и Демир Капија. Најмногу дожд, пак, во изминатите 24 часа наврнал во Охрид, вкупно седум литри на метар квадратен.
Утрово се измерени и осум степени во Берово и Лазарополе, 9 во Куманово, 10 во Тетово и Маврови Анови, 11 во Штип, Струмица, Гевгелија и Претор, 12 во Охрид и Виница, како и 13 во Прилеп и Дојран.
Во Куманово водниот талог е 6 литри на метар квадратен, 4 во Крива Паланка, Претор и Пожаране, 2 во Скопје – Зајчев Рид и Крушево, и еден литар на единица површина во Скопје – Петровец и Виница.
Времето денеска ќе биде променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а на места повремено засилен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 21 степен.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен југоисточен ветер. Во текот на ноќта ќе има повремен слаб дожд. Максималната температура ќе достигне 19 степени.
Ново на Сител
-
„Царините од САД се резултат на грешка“ – Мицкоски очекува да се коригира одлуката
-
Инфлацијата се смирува, мерките за ограничени цени и маржи, според надлежните - даваат резултат
-
18 прекршоци за неисправност и непочитување на пловилата
-
Матичните лекари, гинеколозите и стоматолозите добиваат повеќе пари
-
Меџити: Само Таравари гледа можност за соработка со ДУИ
-
Филипче доби 4-годишен мандат со поддршка од 18.000 членови на СДСМ
-
Априлски снег во Охрид
-
Пензионерите против враќањето на старата методологија за пресметка на пензиите