Најстудено и најмногу снег во Маврово и Лазарополе
Најниска температура, минус 13 степени Целзиусови, во Македонија изутринава во седум часот е измерена во Маврово, каде снежната покривка е 12 сантиметри, а 12 степени под нулата се регистрирани во Лазарополе и Крушево каде пак има 13 односно четири сантиметри снег, соопшти изутринава Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Во Берово се регистрирани минус девет степени, минус осум во Прилеп, Битола, Пожаране, Претор, Ѓуриште, Крива Паланка, Тетово и Тополчани, минус седум во Охрид и Виница, минус четири Скопје-Зајчев Рид, минус триСкопје-Петровец, Штип и Куманово, минус два Струмица, минус еден Дојран и Демир Капија, а нула во Гевгелија.
Според УХМР, денеска претпладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен, а долж Повардарието претпладне и засилен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од минус два до пет степени. Во текот на новогодишната ноќ ќе преовладува ведро и студено време со слаб до умерен северен ветер и температура од минус 10 до минус два степена.
Во Скопје претпладне умерено облачно, а попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен северен ветер. Максималната температура до 3 степени, а во текот на новогодишната ноќ околу минус седум степени.
До вторник ќе преовладува стабилно и суво време со студени утра, а преку денот ќе сончево со мала до умерена облачност. Утринските температури насекаде ќе бидат под нулата од минус 13 до минус пет, на планините ќе се спуштат и до минус 15 степени, а дневните од утре ќе бидат во благ пораст. Во средината на наредната недела ќе има преодно наоблачување со слаб локален дожд во пониските места и слаб снег на повисоките места и планините.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Нема предвремени избори, време е за голема офанзива на секој план, народот сака подобар стандард
-
ДИК ги одби сите 57 приговори за првиот круг од локалните избори
-
Мицкоски: Да излеземе масовно на 2 ноември и да го заокружиме бројот 9 за развој и напредок
-
Раст на цените на нафтата
-
Скопјанец нападнат од две лица по расправија со негова колешка во спортска обложувалница
-
Возачката му била одземена во странство, пријавил дека е изгубена - Кривична пријава за лажна изјава
-
Кривична пријава за лице од Гостивар кое ја демнело поранешната партнерка
-
СЗО евакуира 41 дете и 145 придружници од Појасот Газа