Најскапиот дворец во светот се наоѓа во Лондон, чини 285 милиони евра
Замокот „Холм“ во Лондон, Велика Британија, е ставен на продажба. Се нуди за 250 милиони фунти, т.е. речиси 285 милиони евра, што го прави најскапиот имот во светот.
Дворецот се наоѓа во Риџентс Парк – еден од осумте кралски паркови во англиската престолнина. Ако замокот се продаде по оваа цена, тоа ќе биде најпрофитабилниот договор за имот во историјата на градот (рекордот во мигов изнесува 210 милиони фунти – 240 милиони евра). Тој, исто така, е и најскапиот дом во светот, надминувајќи го апартманот од 250 милиони долари што сѐ уште е на продажба, а се наоѓа на врвот на кулата „Централ Парк“ во Њујорк.
Вилата „Холм“ е дизајнирана од архитектот Децимус Бартон во 1818 година. Досега била сопственост на членови на саудиското кралско семејство, а се продава како дел од отплата на заемот.
Има 40 спални соби, се наоѓа на 1,6 хектари земјиште и вклучува и осум гаражи, тениско игралиште, сауна и библиотека.
Замокот со 45 соби, познат како „Рутланд гејт 2-8а“, претходно беше најскапата куќа за продажба во Лондон. Имотот со поглед на Хајд Парк, беше на пазарот за 205 милиони евра во октомври лани.
Ново на Сител
-
Проширена истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“
-
Починато бебе однесено во струшката болница
-
Ѓурчевски: Шефовите на клановите дури се живи даваат наредби, независно дали се во затвор или во бегство
-
ЕУ извештај во кој се признаваат македонскиот јазик и идентитет
-
Преглед на вестите од светот
-
Предлогот за именување на Трајко Славевски за гувернер пред пратениците
-
Предлог за Ратификација на Договорот со Обединетото Кралство на пленарна седница
-
Ѓурчевски: Сложено е да се „исчисти“ целото скопско подземје