Најновиот руски напад врз Украина ја прекина струјата во неколку региони, најмалку тројца загинати
Украинската енергетска компанија „Укренерго“ утринава издаде наредба за воведување вонредни рестрикции на струјата по големиот воздушен напад на руската авијација врз неколку градови и региони во Украина.
Според најновите информации, во нападите загинале најмалку три лица, а петмина се повредени.
Укренегро нагласи дека вработените во електроенергетскиот систем континуирано работат на обновување на напојувањето.
Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко изјави дека дел од главниот град на Украина е без струја.
Шефот на администрацијата на градот Лавов, Максим Козицки, на Телеграм соопшти дека руските сили нападнале енергетски капацитети во Лавовската област и затоа имало делумни прекини на струја во Лавов и регионот.
Управата на Запорожје соопшти дека биле нападнати критични инфраструктурни објекти, поради што може да дојде до вонредни прекини на електричната енергија.
Прекин на струја имало и во Кировоград, Полтава област, а во Житомир е прекинато и водоснабдувањето на градот.
По воздушниот напад во Одеса, по извесно време дојде до прекин на струја и вода. Поради прекин на струја, привремено е прекината работата на електричниот градски транспорт во Одеса, се наведува во соопштението од кабинетот на градоначалникот на Одеса.
Шефот на кабинетот на претседателот на Украина, Андриј Јермак изјави дека желбата да се уништи енергетската индустрија, како што наведе, „скапо ќе ги чини Русите и нивната инфраструктура“.
Русија утринава изврши голем воздушен напад врз Украина, а експлозии се слушнаа во Киев и многу други градови.
Ново на Сител
-
Кривични за злoупотреба на службена должност и несовесно обезбедување на Плаошник
-
Тешко повреден работник во Пробиштип
-
Успеав да излезам од сенката на татко ми | Александар Михајловски | ПРОфесија | Sitel Podcast 066
-
Бегајќи од полиција скокнал во Вардар и се повредил
-
АД ЕСМ: Набавуваме електрична енергија поради нискиот хидропотенцијал
-
Пратениците донесоа повеќе закони
-
Празникот на сите светци - 1 ноември неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Приведени двајца бегалци од затвор кои извршиле тешки кражби