Најнови детали за тешката сообраќајка на Велес-Скопје
Полицијата денес соопшти детали за сообраќајната несреќа која вчера во 16 часот се случи на автопатот Велес-Скопје, на мостот кај с.Дурутовец, а во која Е.З. (31) од Ресен управувајќи „Рено-Флуенсе“ изгубил контрола над истото, излетал надвор од коловозот и возилото се превртело на кровот.
-По незгодата, возачот и тројцата сопатници со возило на Итната медицинска помош биле пренесени во Општата Болница во Велес- каде од страна на лекар кај возачот Е.З. и сопатникот А.А. (46), биле констатирани тешки повреди, додека кај сопатниците Ф.Г. (52) и Е.И. (38) биле констатирани телесни повреди и истите биле задржани за понатамошно лекување, информираат од полицијата.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Велес. Се работи на целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Водата во Скопје безбедна за пиење
-
Приведени крадци од Битола и Прилеп
-
Совети за долготрајна свежина на цвеќето
-
Германскиот берзански индекс DAX падна за 10 проценти
-
Викендов казнети 2.553 возачи, од кои 543 за брзо возење
-
Каја Калас на тридневна турнеја низ Западниот Балкан
-
Во Велес одржани второ коло од Европскиот куп во кајак на диви води и класик трката од Југоисточна Европска лига
-
Најбогатите селебрити во 2025 година